„Милионерите“ нокаутирани за три минути

Борусија Дортмунд направи уште еден чекор назад во трката за влез во ЛШ откако „милионерите“ попладнево загубија со 2-0 на гостувањето против Фрајбург. Казната за неискористените шанси во првото полувреме стигна на самиот почеток од вториот дел, кога Фрајбург за три минути постигна два погодоци и го реши прашањето на победникот.

Особено несреќен за гостите беше вториот погодок на Шмид, кога топката удри во дирекот, па од голманот Хиц се одби во мрежата. Борусија тргна во офанзива, но успеа да стигне само до почесен погодок преку младиот Мукоко, кој влезе во игра во 60. минута на местото на индиспонираниот Марко Ројс.

Лајпциг ја продлабочи кризата на Шалке со рутинска победа од 0-3 на стадионот во Гелзенкирхен. Мукиеле пред крајот на полувремето ги донес гостите во водство по корнер од левата страна, а во второто полувреме мрежата на „сините“ ја затресоа и Сабицер и Орбан.

Баер Леверкузен по двата минимални порази од по 1-0 во претходните две кола вечерва заигра одлично на офанзивен план и го декласираше Штутгарт со 5-2.

Резултати Германија:

Аугсбург – Волфсбург 0-2, Шалке – Лајпциг 0-3, Фрајбург – Борусија Д. 2-1, Мајнц – Ун.Берлин 1-0, Баер Л. – Штутгарт 5-2.

Се вчитува...