Бензема промашува, Варан погодува – Реал до тешка победа на гостувањето кај „фенерџијата“ Хуеска (ВИДЕО)

Реал Мадрид дојде до тешка победа од 1-2 на гостувањето кај Хуеска во натпревар од 22. коло во шпанската Ла лига. Домаќините поведоа со прекрасниот погодок на Галан во 48. минута.

Рафаел Варан во 55. израмни на 1-1, а по низата неверојатни промашувања на Бензема, францускиот дефанзивец со својот втор гол на натпреварот во 84. минута донесе голема победа за „кралевите“. Реал Мадрид во моментов се наоѓа на втората позиција на првенствената табела со 43 бода, односно седум помалку од градскиот ривал Атлетико Мадрид, но и два натпревари повеќе. Хуеска останува зацементирана на последното место со 16 бода.

 

 

 

 

Се вчитува...