Коронавирусот продолжува да создава проблеми за одигрување на спортски натпревари ширум Европа. Последен таков случај е ракометниот европски првак Кил, кој денеска обелодени дека еден член на „зебрите“ бил позитивен на последното тестирање, по што целокупниот тим добил решенија за самоизолација.
По ваквиот развој на настаните, Кил веќе ги одложил наредните две средби, по една во Бундес-лигата и во ЛШ, а не се исклучува можност за одлагање на уште некој натпревар.
„Претходните тестирања пред домашниот меч со Мотор во ЛШ дадоа само негативни резултати, но за жал новите тестови донесоа и позитивен случај во нашиот клуб. Според препораките на здравствените власти, одложен е неделниот меч од Бундес-лигата против Лајпциг, а тимот нема да патува ниту на наредното гостување од ЛШ против Мотор“, се вели во клупското соопштение на „зебрите“ од Кил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

