Македонско калчо-дерби: Пандев и Елмас стартери во меѓусебната пресметка

Горан Пандев и Елиф Елмас ќе ги одмерат силите на вечерашниот дуел меѓу Џенова и Наполи, на кое двајцата македонски репрезентативци се стартери во своите тимови.

Пандев на последните средби беше резерва во Џенова, но овојпат домаќините ќе бидат без Шомуродов, а македонскиот ветеран доби предност во нападот, настапувајќи крај Дестро.

Елмас беше стрелец на последниот калчолигашки дуел со Парма, по што сега повторно ја доби довербата од Гатузо и ќе стартува од првата минута кај „наполитанците“. Елиф добива шанса во средниот ред крај Деме и Зиелински, а во нападот на Наполи ќе недостигаат Инсиње и Мертенс, па гостите ќе стартуваат со Петања, Лозано и Политано во стартниот тим.

Се вчитува...