Фудбалерите на Лион најмалку на еден ден се вратија на врвот на табелата во францускиот шампионат откако вечерва убедливо славеше над Стразбур со 3-0.
Клучен момент беше црвениот картон што го заработи Томасон во 14. минута, по што Лион знаеше како да ја искористи предноста од фудбалер повеќе на теренот. Депај го отвори резултатот во 20. минута, десет минути подоцна Екамби зголеми на 2-0, а конечните 3-0 во второто полувреме ги постави Мемфис Депај со својот втор гол на натпреварот.
Лион моментно е првопласиран со 52 бода, пред Лил со 51 и ПСЖ со 48 бода, но овие два ривали имаат и меч помалку од избраниците на Руди Гарсија (Лил утре му гостува на Нант, а ПСЖ на Олимпик Марсеј).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА