Горан Пандев не покажа милост кон својот поранешен клуб откако Македонецот ја доведе Џенова во водство при првата шанса на дуелот со Наполи.
Нашиот ас прими одлична топка во шеснаесетникот, влезе до работ на петерецот, а потоа во манир на голем стрелец биеше прецизно во мрежата на Оспина.
Веднап по голот Пандев ги крена рацете во знак на извинување до „наполитанците“, јасно покажувајќи дека нема намера еуфорично да го прославува погодокот против клубот во кој мина блескави моменти.
Genoa 1-0 Napoli – GOAL! Pandev ?pic.twitter.com/iQSfYxonN9
— ???? ????? (@Fastgoal2) February 6, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

