Никој како Пандев – најдобар стрелец во историјата на Калчото од поранешна Југославија

Феноменалното полувреме на Горан Пандев против Наполи му донесе на нашиот интернационалец уште еден значаен рекорд, со двата вечерашни гола тој стигна до бројката од 97 погодоци во „Серија А“ во кариерата. Имено, Пандев стана најдобар стрелец во историјата на Калчо-лигата од просторите на поранешна Југославија, оставајќи зад себе славни голгетерски имиња.

„Гранде Пандев“ првиот калчолигашки гол го постигна во дресот на Анкона, најефикасен беше носејќи го дресот на Лацио и постигнувајќи 48 гола во елитното италијанско фудбалско друштво. Потоа следеше трансфер во Интер, каде Пандев постигна пет погодоци, па преселба во Наполи, во чиј дрес македонскиот репрезентативец 19 пати ги матираше противничките голмани на стадионите ширум Италија.

Со двата вечерашни погодоци Пандев го урна рекордот на Мирко Вучиниќ, кој како член на Лече, Рома и Јувентус имаше постигнато 96 погодоци во Калчо-лигата.

Се вчитува...