Каков луд меч: Кари броеше до 57, но Дончиќ се радуваше на победата (видео)

Далас славеше на мечот со Голден Стејт со 134-132, натпревар што го одбележа меѓусебната пресметка на Лука Дончиќ од едната и Стеф Кари од другата страна.

Асот на Голден Стејт беше фантастичен во нападот постигнувајќи дури 57 поени. Сепак, и тоа беше недоволно за „воините“ да се радуваат на победата бидејќи Далас предводен од Дончиќ стигна до минимален триумф. Клебер беше играчот што стави печат на триумфот, постигнувајќи тројка на асистенција на младиот Словенец.

Дончиќ го заврши натпреварот со 42 поени, 7 скокови и 11 асистенции, но што е уште поважно, со триумф со кој Далас покажа дека кризата конечно е надмината.

Се вчитува...