Долго во прегратка по мечот: Елмас промаши реми за Наполи, Пандев го тешеше (ФОТО)

Горан Пандев ја доби „македонската“ пресметка против Елиф Елмас и Наполи во Серија А. Токму благодарение на „Гранде Пандев“ и неговите два погодоци уште во првото полувреме, Џенова триумфираше со 2-1.

И додека капитенот на македонската репрезентација е во фокусот на италијанската и европската фудбалска јавност, Елмас може да жали што во финишот не успеа да донесе израмнување на дуелот.

Во 92. минута Елмас имаше одлична можност да донесе барем бод за „наполитанци“, но не успеа да реализира. На крајот од дуелот, Пандев и Елмас долго во прегратка разговараа на теренот за дуелот… Имаше и утеха за нереализираната шанса на Елиф, кој без сомнение, периодов игра во одлична форма во дресот на Наполи.

Се вчитува...