Горан Пандев е во центарот на вниманието по извонредното издание на дуелот со Наполи, на кој македонскиот ветеран со два погодоци му донесе триумф на својот тим и значајни три бода во борбата за опстанок.
Со тоа Пандев стигна до бројката од 97 голови во Калчо-лигата, со што е најдобар стрелец од просторите на поранешна Југославија во историјата на италијанскиот фудбал. Сепак, македонскиот капитен не крие дека би сакал до крајот на сезонава (за кога веќе го најави и завршувањето на кариерата) да стигне до 100 постигнати гола во Калчо-лигата.
„Искрено верувам дека можам да стигнам до тоа, има уште сосема доволно време и натпревари до крајот на сезоната. Стотка во Калчото би била супер-успех, но да бидам искрен, мене бројот на голови никогаш не ми бил приоритет. Најважно ми е тимот да победува и сега во случајот на Џенова, да помогнам да опстанеме во елитата“, скромен како и секогаш е во изјавите најдобриот македонски фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

