„Супербоул 55“: Борба за превласт меѓу старата и новата генерација во НФЛ

Првата недела во февруари традиционално е резервирана за најголемото спортско-уметничко шоу во Соединетите американски држави. „Рејмонд Џејмс“ стадионот во Тампа ќе биде домаќин на „Супербоул 55“ во кој ќе се сретнат домашната Тампа Беј Баканерс и актуелниот шампион Канзас Сити Чифс.

Том Брејди на почетокот на сезоната ја шокираше јавноста откако реши да го напушти Њу Ингланд Петриотс и да се пресели во топлата Флорида. Десетти супербоул за најдобриот квотербек во историјата и човекот кој доколку успее вечерва да стигне до титулата ќе биде најтрофејната „франшиза“ во историјата на овој спорт со седум освоени титули.

Од друга страна Канзас Сити Чифс и Патрик Махоумс сакаат да го преземат приматот на Брејди и да создадат своја империја која што треба во следните 20 години да ги замени токму Њу Ингланд Петриотс со кои Брејди освојуваше шест трофеи.

Половина час по полноќ сите љубители на НФЛ ќе бидат пред своите телевизори и ќе го очекуваат дуелот на старата и новата генерација. Доколку Брејди стигне до трофејот и тоа во директен дуел против Махоумс се ќе биде јасно дека токму тој е „ГОАТ“. Но, доколку Чифс стигнат до вториот трофеј во две години и Махоумс во директен дуел го добие Брејди, се отвора шанса за некои 10 до 15 години токму Пет Махоумс да биде новиот „ГОАТ“ во американскиот фудбал.

Досега двајцата квотербека се сретнаа четири пати, а меѓусебниот резултат е 2-2. Последен пат играа сезонава во регуларниот дел кога Чифс триумфираа над Баканерс со 27-24 и тоа токму на „Рејмонд Џејмс“ стадионот во Тампа.

Се вчитува...