УЕФА одреди неутрален терен за дуелот меѓу Лајпциг и Ливерпул

Првиот натпревар од осминафиналниот двомеч меѓу Ред Бул Лајпциг и Ливерпул нема да се игра во Германија. Поради Ковид-19 протоколите според кои Англичани не смеат да влезат во Германија, УЕФА мораше да бара алтернативно решение.

Затоа натпреварот кој е закажан за 16. февруари наместо во Лајпциг ќе се игра во Будимпешта на „Ференц Пушкаш“ арената. Реваншот кој ќе се игра на „Енфилд роуд“ ќе биде одигран според планот на 10. март.

„Ференц Пушкаш“ арената пред неколку месеци беше домаќин на европскиот „Суперкуп“ во кој Баерн Минхен ја совлада Севилја.

Се вчитува...