Веспрем загуби на домашен терен од Барселона пред неколку дена, но уште поголемо изненадување за Дејан Манасков и соиграчите беше денешното реми во унгарското првенство против екипата на Чургои (33-33).
Тренер на овој унгарски прволигаш е поранешниот „вардарец“ Адем Тоскиќ, кој извонредно ги имаше мотивирано своите ракометари, за приредување на огромно изненадување на унгарската ракометна сцена. Чургои одигра фантастично прво полувреме во кое водеше со 18-14, а неверојатни 30 минути одигра унгарскиот репрезентативец Егон Хануш, кој за едно полувреме постигна десет погодоци.
Веспрем успеа да го неутрализира овој ракометар во вториот дел, резултатски да се врати, но Чургои во супердраматична завршница успеа да стигне до бод, за конечни 33-33.
Дејан Манасков немаше свој ден постигнувајќи само два гола од шест обиди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА