Здравковски со својот првенец донесе победа за АЕЛ Лимасол (ВИДЕО)

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Давор Здравковски со својот првенец сезонава донесе победа за АЕЛ Лимасол во пресметката против Пафос во кипарскиот шампионат.

Во 23. коло од најсилната лига на Кипар, АЕЛ на домашен терен славеше со 1-0 против Пафос благодарение на голот на Здравковски во 47. минута.

 

Со оваа победа, АЕЛ Лимасол се израмни на врвот од табелата со 48 бода, колку што има и Аполон во израмнетата трка за шампионската титула.

Се вчитува...