Во незаборавен Супербоул настан, Тампа Беј славеше против актуелните шампиони и фаворити за триумф, Канзас сити, со неверојатни 31-9. За најдобар играч е избран легендарниот Том Брејди кој во својата 44. година стигна до седмата титула во кариерата.
Брејди го заврши натпреварот со 201 фрлени јарди за три ‘тачдауни’, а комплетираше 21 од 29 додавања.
Канзас сити важеше за огромен фаворит пред мечот, но беа максимално деконцентрирани. Веќе во првиот дел имаа 95 казнени јарди, а ништо подобро не изгледаа ниту во продолжението.
За Брејди ова беше петта МВП титула, а за Тампа Беј ова е втор трофеј во историјата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

