Човекот кого Брејди го извлече од пензија и депресија: Беше очаен, а потоа дојде „Супербоул“

Тампа Беј славеше против Канзас сити со 31-9 во синоќешниот „Супербоул“, стигнувајќи до својот втор трофеј во историјата. Брилијантен беше Том Брејди кој со 44 години дојде до својата седма титула, но и неговиот омилен соиграч Роб Гронковски.

Гронковски е човекој кој пред две години одлучи да се пензионира, откако со Њу Ингланд стигна до третата титула. Пензионирањето со само 29 години го образложи со тешката повреда која ја доживеа во текот на кариерата, а која го собрала и данокот на неговото ментално здравје.

„Овој спорт ме скрши, и престанав да го сакам. Ја загубив радоста на животот. Физички може да игра, но немам повеќе менталитет и желба. Девет многу тешки години на теренот и надвор од него ме донесоа до оваа состојба и оваа одлука“ – истакна Гронк.

Но, пред десет месеци од таквата одлука и состојба го извлече Том Брејди. Месец дена откако отиде во Тампа Беј со себе го повлече и Гронковски.

Но, првата сезона не беше добра за двојката која одлично се познава. Во плеј-офот немаа ниту едно тачдаун-додавање. Се до финалето. А, потоа дојде „Супербоул“. Во својот десетти настап на најголемиот НФЛ-натпревар, Том Брејди за првпат во првата четвртина дофрли тачдаун. Го пронајде Роб Гронковски, кој го носи Тампа Беј до водство од 7-3 по првите 15 минути игра.

Роб Гронковски, кого Брејди го извлече од пензија само за оваа сезона, неговиот омилен квотербек, не погоди ниту еднаш во доигрувањето. А во финалето Брејди го пронајде дури шест пати, а две од тие четири додавања Гронк ги претвори во тачдаун.

Се вчитува...