Монфилс загуби, па почна да плаче: Сакам да излезам од овој кошмар, барам само малку милост…

Гаел Монфилс е еден од тенисерите кои важеа за најпозитивни личности на турнирите ширум светот, но Французинот е еден од најпогодените од паузата што владееше во светот на тенисот поради коронавирусот. Монфилс има седум порази на седумте мечеви што ги одигра откако продолжи тениската сезона, а по неуспехот на стартот на Австралија Опен и поразот од Емил Русувуори од Финска стана јасно дека Французинот има подлабоки проблеми од оние тениските.

Имено, на прес-конференцијата по тој дуел Монфилс почна да плаче, откривајќи детали од проблемите со кои се соочува.

„Сакам да излезам од овој кошмар… Немам самодоверба, играм слабо, не можам да сервирам, не можам да удрам форхенд како што сакам. Зошто? Навистина не знам, сигурно има милион причини, но најважната е што немам самодоверба. Барам само малку милост, не сакам да се фрла со камења по мене. Се обидувам, работам, но не ми успева. Би сакал еден ден да се разбудам и да кажам пред сите вас дека овој кошмар е завршен, но еве ме овде повторно. Кога некој е долу, немојте да го газите“, истакна низ солзи Монфилс.

Се вчитува...