БИБЛ: Куманово тргнува од Израел, ТФТ од Скопје

Македонските претставници во БИБЛ лигата, Куманово и ТФТ откако во петокот ги добија противниците во втората фаза од натпреварувањето, денеска го добија и официјалниот распоред за одигрување на мечевите. „Сино-белите“ патот кон финалето ќе го започнат од Израел, додека „црно-белите“ од нашиот главен град.

Куманово во првото коло, на 23 февруари гостува во „Тото Арена“ на мегдан против Хапоел Холон, а потоа следуваат два дуели на домашен терен, на 12.03 против Хапоел Холон и пет дена подоцна против Академик Пловдив. Последниот натпревар за избраниците на Ѓеоргиевски е закажан за 30.03, кога Куманово ќе гостува во Бугарија.

ТФТ првите два дуела ќе ги одигра во Скопје, на 24 февруари, против Берое, додека на 10.03 го пречекува Хапоел Галил. Шест дена подоцна избраниците на Смилковски гостуваат во Израел, додека последниот натпревар од групата, кој е закажан за 31.03, тимот од Тафталиџе ќе го одигра во Бугарија.

Непредвидливоста предизвикана од коронавирусот останува фактор во првенството, па може да дојде до одложување на предвидените натпревари.

Се вчитува...