Два нови корона-случаи во Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид вечерва ќе ја пречека Селта во обид да ја продолжи победничката серија во Ла Лига, но Диего Симеоне се соочува со огромни проблеми околу составот по најавата за нови два позитивни случаи на Covid-19 во редовите на лидерот на табелата.

Аргентинскиот стратег поради коронавирус веќе неколку дена не може да смета на Караско, Жоао Феликс и на новото засилување Дембеле. Сепак, тестирањата пред денешниот меч со Селта дале два нови позитивни резултати, за кои шпанските медиуми тврдат дека станува збор за Лемар и за Ерера, но засега нема официјална потврда од клубот за точниот идентитет на фудбалерите.

Јасно е дека Симеоне ќе мора да експериментира со составот, во обид да ја продолжи импресивната серија од осум победи со која Атлетико си создаде удобна предност на врвот на табелата.

Се вчитува...