Проблеми за Оле – не е наивна повредата на Погба

Манчестер Јунајтед по одличните игри на крајот на претходната и почетокот на оваа година повторно се наоѓа во пад на формата. Тимот од „Олд Трафорд“ во последните пет натпревари има учинок од две победи, еден пораз и два нерешени дуела, од кои последното реми дојде на саботниот натпревар против Евертон, во кој покрај двата бода, Оле Гунар Солскјер остана и без Пол Погба.

Францускиот интернационалец мораше да го напушти „Олд Трафорд“ во 39. минута од средбата поради повреда, а по медицинските прегледи се воспостави повреда на препоната која со сигурност ќе го оддалечи 27-годишникот од терените на претстоечките натпревари против Вест Хем во ФА Купот и Реал Сосиедад во Лигата на Европа.

„За закрепнување од повредата ќе бидат потребни неколку недели. Погба започна со рехабилитацијата, веќе работи со медицинскиот персонал и ќе се врати на терените кога за тоа ќе биде сигурно. Погба е важен играч за нас и нема да ризикуваме па со сигурност ќе ги пропушти следните недели. Никогаш не е добро време за повреда, поготово сега кога Пол ја најде својата форма и ужива во фудбалот. За нас останува да се обидеме за „собереме“ што повеќе бода додека некој отсуствува. Бевме здрави долго време, па и не можеме да се буниме“ – изјави тренерот на Манчестер Јунјатед.

 

 

Се вчитува...