Екипа Топ 5: Идеална петорка на 14. коло во Првата лига

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига. Јасно е дека пандемијата на коронавирусот сериозно ќе влијае на навремено одигрување, без никакво одложување, на сите натпревари од актуелно коло, поради што во изборот влегуваат натпреварите кои единствено се одиграле согласно протоколите за заштита од Ковид-19.

Изминатиот викенд на терените ширум Македонија беа одиграни четири дуели од 14. коло во Првата лига по кои на победи се радуваа Гостивар кој славеше на гостувањето против Еуро Никел, МЗТ Скопје 2 кој стигна до втората победа откако го доби дуелот од дното на табелата против Црн Дрим, Кожув кој стигна до многу важна победа на гостувањето против Работнички и Куманово кој го одбрани домашниот терен од Академија ФМП.

Во идеалната петорка на колото се најде младиот играч на МЗТ Скопје 2, Максим Митевски кој со дабл-дабл учинок од 15 поени и 10 скока, надополнет со 3 асистенции беше еден од предводниците на „штркчињата“ во Струга, како и бекот на Гостивар, Ивица Димчевски кој повторно блесна за својот тим, овој пат со 24 поени, 6 скока и 2 украдени топки.

Покрај нив тука се уште Бранислав Џекиќ беше лидер на Куманово со 24 поени, 6 скока и 6 блокови во победата на својот тим, Никола Станојевиќ кој го предводеше Кожув до победа во главниот град со 17 поени и 10 скока, и Кире Николовски кој со 29 поени и 5 скока беше првото име кај нашиот најтрофеен клуб.

Се вчитува...