Италијанската пресметка меѓу Македонците, во знакот на легендата која руши рекорди!

Македонскиот капитен Горан Пандев стрелаше двапати за Џенова, против својата поранешна екипа Наполи каде игра нашиот бисер Елиф Елмас, за триумф од 2:1. Гранде Пандев стана најдобриот екс-ју стрелец во Серија А со 97 гола, а сезонава постави и еден раритетен рекорд – тој е највозрасниот (37) во петте најквалитетни европски лиги со најмалку по 2 гола и асистенции, пред имиња како Ибрахимовиќ (39) и Роналдо (36)

Со спектакуларната победа од 4:0 против Кротоне и двата гола на Златан Ибрахимовиќ, со кои шведскиот интернационалец прво ја достигна, а потоа и ја надмина границата од 500 погодоци во кариерата, екипата на Милан го задржа врвот во Серија А. Јувентус во дербито ја совлада Рома со 2:0, а португалскиот магионичар Кристијано Роналдо го подобри светскиот рекорд на постигнати голови во кариерата (764). Интер очекувано победи против Фиорентина, со 0:2.

Росонерите се лидери со 49 бода од 21 натпревар, Нероаѕурите заостануваат два бода на втората позиција, додека Старата дама е на третото место со 42 бода и со меч помалку. Следете ја Серија А, највозбудливото европско национално фудбалско првенство сезонава, кое има силен македонски шмек, на програмите на Арена Спорт ТВ кои отсега се достапни и на платформата на А1 Македонија.

На другите терени, ПСЖ го совлада Олимпик Марсеј со 0:2 и на третата позиција на табелата, го задржа чекорот со Лил, кој победи кај Нант со 0:2 и со Лион, кој славеше со 3:0 против Стразбур. По 24 кола Лил има 54, лион има 52 бода, а трикратниот првак и финалист во Лигата на шампионите минатата сезона, има 51 бод.

Неделава ќе има многу возбудувања ширум Европа, а за нас најинтересни се настапите на нашите тимови и интернационалци.

В среда од 17:00 часот на Арена 4, Пелистер игра во ракометната европска лига против Татабања. Истиот ден од 18:00 часот на Арена 3 се игра заостанатото јадранското дерби од 5-то коло во хрватската фудбалска лига, меѓу Ријека на Дарко Велковски и Хајдук на Јани Атанасов. Двата тима се борат за излез во Европа.

В четврток ќе се игра дерби мечот во четвртфиналето во шпанскиот кошаркарски куп, Реал Мадрид и Валенсија се соочуваат од 21:30 часот на Арена 3. Од 21:45, Загреб ќе ја пречека Барселона во ракометната Лига на шампиони, на Арена 4.

 

Се вчитува...