Македонија ЃП два месеци без голманот Христијан Стефковски

Големи проблеми за Македонија ЃП пред стартот на пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Голманот на„лавовите“, Христијан Стефковски ќе мора да паузира два месеци поради повредата на лицето која ја заработи на подготовките на тимот во Анталија.

„Христијан Стефковски се очекува во следните два месеци дека ќе биде надвор од терените поради тешката повреда која ја доби на подготовките во Анталија. Сепак, знам дека се работи за одличен професионалец и пред се одличен спортист, па затоа верувам дека и побрзо од очекуваното ќе се врати во нашиот тим“, изјави тренерот на Македонија ЃП, Жикица Тасевски. 

Македонија во недела ќе и госутва на Струга Трим и Лум во првиот натпревар од пролетниот дел во ПМФЛ.

Се вчитува...