Капитенот на Реал не губи време – Рамос веќе следната недела лета за Манчестер!

Серхио Рамос од оваа година е слободен играч и веќе очигледно е дека нема да го продолжи договорот со Реал Мадрид. Тоа значи дека капитенот на „кралевите“ на лето ќе го напушти тимот од Мадрид. Следна дестинација на Рамос ќе биде Англија, Манчестер.

Реал му понуди двегодишен договор на Рамос со намалена плата за 10%, но стоперот ги одби ваквите услови и на крајот реши да го напушти кралскиот клуб по 15 години. Тој има две атрактивни понуди од ПСЖ и Манчестер Јунајтед, но наводно го одбрал вториот, па од лето ќе биде член на „црвените ѓаволи“.

Според информациите од англиските медиуми, следната недела Серхио и неговиот агент Рене, ќе заминат во Манчестер за да ги започнат преговорите и да ги разработат последните детали пред конечниот договор.

Во Реал Мадрид веќе знаат каква е конечната одлука на капитенот, а спортското раководство на клубот веќе бара негова замена. Желбата на Реал е играчот на Барен, Алаба, кого го гледаат како соодветна замена за искусниот Рамос.

Се вчитува...