Меѓународната федерација за историја и статистика на фудбалот (IFFHS) го избра Лионел Меси за најдобар играч на деценијата. Аргентинецот води на списокот со 10-те најдобри фудбалери, објавен од оваа фудбалска организација.
Според „IFFHS“, Кристијано Роналдо е на второто место, додека подиумот на големите sвезди го комплетира Андрес Иниеста. Бразилецот Нејмар е пласиран на четвртото место.
Иако Португалецот освои четири титули во Лигата на шампионите со Реал Мадрид и имаше извонредна квота за бодови, она што Меси го направи во Барселона е повеќе од доволно според критериумите на оваа листа.
Златан Ибрахимовиќ е уште една од ѕвездите кој што не е на врвот од списокот. Напаѓачот последните години настапуваше неколку сезони во ЛА Галакси, каде одлично се истакна, а неодамна забележа одлични натпревари со тимот на Милан.
Сепак, за изненадување на многумина, голманот Кејлор Навас го нема на списокот. Над Костариканецот, кој освои три ЛШ со Реал Мадрид, се Мануел Нојер и легендарниот Џанлуиџи Буфон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

