Баерн Минхен ја оправда фаворитската улога и го победи тимот на Ал Ахли со реузлтат од 0:2, во полуфиналната пресметка од Светското клупско првенство. Европскиот и германски првак Баерн, дојде во Катар со најсилниот состав, а доминацијата на „баварците“ започна уште во првата минута од почетокот на натпреварот.
Тие ја имаа контролата над топката и успеаја за кратко време да креираат неколку шанси за гол, а очекуваната победа ја најави најдобриот напаѓач во Европа, Роберт Левандовски, кој во 17. минута успеа да постигне гол и да донесе прво водство за тимот од Минхен, а овој резултат остана до крајот на првото полувреме.
Во вториот дел, играчите на Баерн продолжија со креирање на шанси и задржување на поседот на топка. Левандовски го отвори и затвори натпреварот со постигнување на два гола, па тој во 86. минута успеа да постигне уште еден гол и ја завери победата на неговиот тим. Ваквиот начин на игра донесе рутинска победа од 0:2, и победа над Ал Ахли. „Баварците“ обезбедија билет за финале, а таму ги чека Тигрес кој претходно го елиминира Палмеирас (0-1).
Роберт Левандовски, Мануел Ноер, Томас Милер, сега ќе се обидат да ја додадат и титулата светски првак во својата колекција, шести трофеј од претходните 12 месеци, што од европските клубови ѝ успеало само на Барселона. „Баварците“ веќе триумфираа во Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА, Бундес-лигата, Купот и во Суперкупот на Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

