Далас победува кога Дончиќ има помош, Лејкерси пак славеа по продолженија

Далас забележа победа од 127-122 на дуелот против Минесота, покажувајќи дека кризата од пред десетина дена сега е минато за маверикс. Кога Лука Дончиќ ќе има адекватна помош од некој од соиграчите, многу е полесно Далас да стигне до триумф, тоа се потврди и на синоќешниот дуел на кој во главна улога беше Порзингис, кој ги ги предводеше стрелците на победничкиот тим со 27 поени. Лука Дончиќ реализираше 26 поени, 8 скокови и 6 асистенции, за втор триумф во низа на Далас, трет на последните четири средби на оваа екипа.

Шампионот ЛА Лејкерс повторно стигна до победа по продолженија, овојпат со 119-112 над екипата на Оклахома Сити тандер. Дејвис поради повреда не настапи за „езерџиите“ на овој натпревар, но затоа иззвонреден беше Леброн Џејмс, реализирајќи трипл-дабл од 28 поени, 14 скокови и 12 асистенции.

Денвер се наоѓа во криза, губејќи со 112-125 на домашен терен од Милвоки, четврти пораз на последните пет меча на тимот на Никола Јокиќ. Српскиот центар имаше 35 поени и 12 скокови, што сепак се покаже недоволно за да се запре одличниот состав на Милвоки, каде најефикасни беа Адетокумбо со 30 и Мидлтон со 29 поени.

Стеф Кари ги постигна сите 14 поени за Голден Стејт на последните пет минути од гостувањето против Сан Антонио, но и тоа беше недоволно за „воините“ да избегнат пораз . Најефиксен кај Сан Антонио беше Мари со 27 поени, Дерозан реализираше 21, додека Кари броеше до 32 на овој натпревар.

 

Резултати НБА:

Шарлот – Хјустон 119-94, Чикаго – Вашингтон 101-105, Мемфис – Торонто 113-128, Далас – Минесота 127-122, Сан Антонио – Голден Стејт 105-100, Феникс – Кливленд 119-113, Денвер – Милвоки 112-125, ЛА Лејкерс – Оклахома 119-112 (по прод.)

Се вчитува...