„Џеко претрпе понижување, ќе му требаат 20 дена да се врати во нормала“

Иако се чинеше дека веќе нема место за Един Џеко во Рим, трансферот во некои од клубовите со кои се поврзуваше не се случи, па тој на крај остана во редовите на „волчицата“. Пауло Фонсека жестоко го критикуваше Џеко, потенцирајќи дека тој не бил ниту во составот на неколку натпревари зошто бил во слаба форма, а поранешниот спортски директор на Рома, Валтер Сабатини, ја коментираше целата ситуација.

Валтер упати само пофални зборови за Един, истакнувајќи дека таков напаѓач е потребен за секој клуб.

“Не ми се допаѓаат овие случувања. Џеко е професионалец, тој никогаш не создаваше проблеми. Рома го продаде четири пати за две години, и тој секогаш сакаше да остане во овој клуб. Не знам што сакаше Фонсека со овој потег. Веројатно да ја зголеми неговата харизма во соблекувалната“, рече Сабатини.

Тој посочува дека Един претрпел понижување и дека му требаат 20 дена да се врати во нормала.

“Џеко претрпе големо понижување, му требаат денови за рехабилитација. Ве уверувам дека тој не може да созаде проблеми”, додаде Сабатини, додавајќи дека напаѓачот на БиХ мора да ја носи капитенската лента.

Се вчитува...