Јокиќ почна да ги губи нервите (ВИДЕО)

Никола Јокиќ повторно го предводеше Денвер на мечот против Милвоки, овој пат со 35 поени, 12 скока и 6 асистенции, но блескавата партија на српскиот интернационалец не беше доволна за тимот од Колорадо да стигне до победа. Србинот нема поддршка од своите соиграчи оваа сезона, а лошите потези на составот почнаа и да го фрустрираат еден од најдобрите центри во лигата.

Така беше и вчерашниот натпревар при нерезонскиот шут на Мајкл Портер Џуниор при резултат 95-104 на осум минути до крајот на мечот, кој тотално ја уништи енергијата во составот. Јокиќ ја изгуби волјата за враќање во одбрана, додека тренерот Малоун само ја наведна главата.

 

„Му реков по натпреварот дека тоа е само лош шут. Тајмингот не беше добар, го имавме моментумот, тоа беше нерезонски шут, а чуварот беше до него. Тоа беше лош шут во лош момент. Јас сакам да победувам и тој сака да победува“ – изјави Јокиќ по средбата.

 

Се вчитува...