Баeрн синоќа играше без голман – Фотографија од Нојер го обиколи светот

Фудбалерите на Баерн синоќа се пласираа во финалето на Светското клупско првенство. „Баварците“ синоќа во полуфиналето играа против Ал Ахли и успеаа да слават со 2:0. Херој на германскиот клуб повторно беше Роберт Левандовски кој ги постигна двата гола.

Но, во центарот на вниманието беше Мануел Нојер кој немаше премногу работа на овој натпревар. Познато е дека Нојер сака да излезе од голот кога неговиот тим напаѓа, а синоќа беше фотографиран од фоторепортерите кога дури дојде во центарот додека Баерн беше во напад.

И оваа фотографија најдобро покажува каква доминација има Баерн на натпреварите во последно време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 433 (@433)

Се вчитува...