Капинковски: Не не залажува ситуацијата во Вардар, дербито секогаш носи нешто посебно

Шефот на стручниот штаб на Пелистер, Димитар Капинковски е задоволен од реализираните подготовки на тимот пред стартот на пролетниот дел од сезоната.

„Низ подготовките продефилираа 24 фудбалери на кои ќе се темелиме во пролетниот дел од сезоната. Желбата беше да се темпира формата и да се стигне до ниво неопходно за прволигашката активности“ – вели Капинковски.

Единствената цел на Пелистер за сезонава секако ќе биде само опстанок.

„Во преодниот рок ни пристигнаа тројца нови фудбалери, Ристе Илиевски од Тиквеш, Дарко Размоски од Беласица и Омар Гудибаи од Шкупи. Се чека уште едно засилување во нападот, треба да се комплетира неопходната документација за да се заокружи преодниот рок. Целта сезонава е опстанок. Ако можеме директно да се избори опстанокот, ако не преку баражот“ – истакнува тренерот на „пелистерци“.

Првиот натпревар на стартот од пролеттта е гостувањето против Вардар на 14. февруари во Скопје.

„Прв натпревар пролетва ни е дуелот со Вардар. Овој меч од психолошки аспект ни е многу важен. Без разлика каква е моменталната ситуацијата во Вардар мора да сме максимално мотивирани и распололожени за игра. Ова е дерби, и никакви внатрешни ситуации во клубовите не значат многу. Ние секако ќе атакуваме на бодовите од тој меч и мора да го дадеме максимумот“ – вели Капинковски.

Се вчитува...