Македонските прволигаши ќе мора да минат низ тестови за Ковид-19 и пред стартот на пролетниот дел од сезоната викендов.
Тестовите за 35 лица од секој од 12 прволигаши, или вкупно 420 лица, како и пред стартот на сезоната ќе бидат покриени од страна на Фудбалската федерација на Македонија. Согласно предвидените протоколу сите кои ќе бидат позитивни на тестовите ќе одат во изолација, а секој тим ќе може да настапи во првото пролетно коло со најмалку 14 фудбалери на располагање.
Пролетниот дел од сезоната ќе ја отворат Академија Пандев и Работнички со натпреварот во Струмица, во сабота на 13. февруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА