Леброн: Том Брејди ми е инспирација, но не знам до колку години ќе играм…

Леброн Џејмс го поздрави фантастичниот успех на Том Брејди, кој на 43-годишна возраст успеа да стигне до титулата во НФЛ-лигата. Остварувањето на Брејди е извонредно, но Леброн не верува дека тој би можел да ги следи стапките на овој ас и да игра уште долго на НБА-терените.

„Том Брејди ми е инспирација. Не зборувам само за овој Супербоул, го следам веќе извесно време, како игра на највисоко ниво, како победува од натпревар во натпревар, дури и откако ги смени клупските бои. Сепак, ова се два различни спорта, а јас не верувам дека можам да издржам толку долго. Не сум размислувал кога би рекол дека е доста со играње, се уште не е дојден тој момент, но да се игра и да се победува на 43 години како што тоа го прави Брејди, тоа е фантастично“, изјави 36-годишниот Леброн Џејмс.

Тој пред неколку месеци потпиша нов двогодишен договор со ЛА Лејкерс што му овозможува да настапува до 38-годишна возраст. При потписот, Леброн не криеше дека сон му е да заигра во ист тим со неговиот син, кој тогаш ќе има полни 18 години.

Се вчитува...