Цел Интер скокна да бара пенал по овој пад на Лаутаро (видео)

Лаутаро Мартинез беше во центарот на вниманието на самиот почеток од реваншот од Купот на Италија меѓу Јувентус и Интер, на кој „нероаѕурите“ бркаат негатива од 1-2 од првиот меч во Милано.

Аргентинецот се најде во идеална позиција по продорот на Хакими, но од идеална ситуација ја промаши топката, па потоа падна како покасен. Цел тим на Интер заедно со тренерот Конте скокна да бара пенал, но и по прегледувањето на снимката со ВАР само се потврди судиската одлука, дека стануваше збор за глума на асот на Интер кој мораше подобро да реагира во целата ситуација.

Се вчитува...