Реал Мадрид за првпат по повеќе од еден месец врза две победи во Ла Лига откако вечерва триумфираше над Хетафе со 2-0. Зидан поради повреди, суспензии и Covid-19 имаше само 13 сениорски фудбалери на располагање, но „кралевите“ беа на висина на задачата, го контролираа теренот и со два гола во второто полувреме заслужено стигнаа до трите бода.
Составот на Хетафе важи за омилен „пациент“ на „кралевите“ ако се знае дека Хетафе има 11 порази на последните 11 гостувања на „Сантијаго Бернабеу“, црна серија што ја продолжи и на вечерашниот дуел на стадионот „Алфредо ди Стефано“.
Бензема ја имаше најубавата шанса во првото полувреме, но неговиот обид заврши само во рамката од голот на гостите. Сепак, францускиот голгетер се снајде многу подобро во 60. минута, кога по центаршутот на Винисиус со прецизен удар со глава ја смести топката во мрежата. Дилемите околу победникот беа разрешени во 66. минута, кога Менди го постигна својот прв гол во Ла Лига по центаршутот на Марсело.
Реал Мадрид моментно е второпласиран на табелата со пет бода заостанување зад Реал Мадрид, но и два меча повеќе во однос на градскиот ривал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

