„Џезот“ одлично звучи во НБА, нова „бламажа“ на Бруклин (ВИДЕО)

Кошаркарите на Јута Џез продолжуваат со маестралните партии сезонава во НБА лигата откако синоќа го совладаа и Бостон Селтикс со 122-108. Прво име на „џезерите“ беше Донован Мичел со 36 поени, додека Џо Инглс уфрли 24. Кај поразените залудни беа 33 поени на Џејлен Браун.

Продолжува лошата серија на Бруклин Нетс, откако тимот без Кевин Дурант загуби и од Детроит Пистонс со 122-111. Џереми Грант со 32 поени беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените Ирвинг уфрли 27, додека Харден заврши со три помалку.

Во останатите мечеви од програмата Мајами – Њујорк 98-96, Њу Орлеанс – Хјустон 130-101, Сан Антонио – Голден Стејт 91-114, Портланд – Јута 106-97 и Сакраменто – Филаделфија 111-119.

Се вчитува...