Ѓоковиќ со големи проблеми до пласман во 3. коло на Австралија опен

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ потешко од очекуваното обезбеди 3. коло на Австралија опен, откако со 3-1, по сетови (6-3, 6-7, 7-6 и 6-3), славеше над Американецот Френсис Тиефо.

По релативно лесно добиениот прв сет, актуелниот бранител на трофејот успеа да го загуби вториот, додека во третиот по тешка борба, дури во тај-брејкот успеа да го урне отпорот на одличниот млад тенисер. Во четвртиот сет со два брејка успеа да стигне до 3. коло на турнирот во Австралија.

Претходно, вечерва пласман во 3. коло на машкиот дел од турнирот обезбедија и Доминик Тим, Милош Раониќ и Диего Шварцман.

Се вчитува...