Тешка повреда за Чурлинов – Македонскиот интернационалец ќе мора на операција

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Дарко Чурлинов заработил скршеница на носот на еден од последните тренинзи на неговиот Штутгарт поради која ќе мора да замине на оперативен зафат. Операцијата ќе биде извршена во петок по што се очекува Чурлинов да биде надвор од терените во следниот период.

20-годишникот во Штутгарт е од минатата година, а за бундеслигашот досега има забележано шест настапи на кои еднаш се запиша во листата на стрелците.

 

 

Се вчитува...