Контроверзниот Марк Кјубан ја забрани химната на САД

Сопственикот на Далас, Марк Кјубан за американскиот медиум „The Athletic“ потврди дека на домашните натпревари на неговиот тим нема да се свири националната химна на САД, како што и беше случајот од почетокот на сезоната, а до кога ќе трае оваа практика остнаува непознато.

Притоа Кјубен, а и организацијата на Маверикс не искочија со дополнителни коментари и не дадоа појаснување за ваквата одлука.

Маверикс оваа сезона не наликуваат на тимот кој стигна до првата руна од плејофот во „балонот“ во Орландо, по 25 одиграни натпревари составот од Тексас има учинок од 11 победи и 14 порази и се наоѓа на 13. место на табелата.

 

Се вчитува...