Филипе Кутињо оваа сезона повеќе нема да игра за Барселона. Иако добро се опоравува од повредата на коленото што ја заработи на почетокот на годината, тренерот на каталонскиот тим Роналд Куман повеќе нема да го користи Кутињо во својот тим. Барселона се наоѓа во навистина тешка финансиска состојба. Тие имаат бројни долгови, а еден од нив е кон Ливерпул, кому му должат 40 милиони евра за трансферот на Кутињо.
Бразилецот оваа сезона играше 12 пати за каталонскиот гигант. Доколку одигра уште седум натпревари, Барселона ќе мора да плати дополнителни пет милиони евра врз основа на бројните бонуси потпишани од „црвените“.
Со оглед на тоа дека Барса се наоѓа во многу лоша ситуација, Куман доби јасна порака да не смета на Кутињо до крајот на сезоната, за да не се активира овој бонус. Барселона има долг од 1,2 милијарди евра. Тие се должни да префрлат фудбалери во дури 19 клубови и не е ни чудо што се обидуваат да заштедат пари каде и да можат. Кутињо играше за Барселона 90 натпревари и постигна 24 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

