Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, денес дозна тажна вест. Неговата мајка Елизабет почина на 81-годишна возраст, а менаџерот на „црвените“ нема да може да присуствува на погребот. Поради ограничувањата предизвикани од пандемијата, Германија не дозволува влез на патници од Велика Британија, а Клоп нема да може да присуствува на погребот и за последен пат да се испрати со неговата мајка.
Ваква слична судбина ги снајде повеќето луѓе од Европа, а сега оваа тажна приказна ја сподели и Клоп со јавноста.
“Таа беше сè за мене. Елизабет беше вистинска мајка во најдобра смисла на зборот. Знам дека сега е на подобро место. Не можам да одам на погреб поради овие ужасни времиња, но што е можно побрзо, ќе ја одржиме церемонијата што таа ја заслужува”, рече Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

