Најтрофејниот македонски клуб конечно се собра пред неделниот старт на пролетниот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига. На првиот тренинг на тимот дојде и навивачката група „Комити“ кои дадоа поддршка на фудбалерите и на новиот шеф на стручен штаб, Никола Илиевски – Џиџи, и неговите асистенти Бобан Грнчаров, Златко Таневски и Никола Глигоров.
Комити периодов беа главните двигатели за спас на најтрофејниот македонски фудбалски клуб. Во акцијата „Купи билет за спас на Вардар“ досега се продадени речиси 20.000 виртуелни билети за мечот со Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА








