Куп на Франција – Рутински победи на Марсеј и Монако (ВИДЕО)

Фаворитите Олимпик Марсеј и Монако стигнаа до сигурни победи во 1/32 финале во Купот на Франција. Олимпик Марсеј беше подобар од Оксер со 0-2. Бенедето во 54. минута и Диенг во 92. беа творци на победата на Марсеј. Монако со 0-1 славеше на гостувањето кај Гренобл, а херој за „кнезовите“ беше Црногорецот Јоветиќ во 36. минута.

 

 

КУП НА ФРАНЦИЈА 1/32 ФИНАЛЕ: 

Оксер – Олимпик Марсеј   0-2

Бордо – Тулуз  0-2

Гренобл – Монако 0-1

Нант – Ленс   2-4

Стразбур – Монпелје  0-2

Се вчитува...