Комична ситуација се случи пред почетокот на натпреварот меѓу Пелистер и Татабања од ракометната Лига на Европа. Имено гостите од Унгарија дојдоа на натпреварот со грешната варијанта на дресови, која се поклопува со бојата на дресовите на Пелистер.
Поради тоа тимот мораше да се врати во хотелот како би ги заменил, а поради оваа комична ситуација натпреварот се пролонгира за половина час подоцна од првичниот термин. Стартот на натпреварот кој требаше да почне во 17 часот е пролонгиран за 17:30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА