Ракометните суперлигаши Голден Арт КЛ7 и Тинекс Пролет ремизираа 33-33 на пријателскиот натпревар што го одиграа вечерва во СЦ „БЈане Сандански“. Тоа беше натпревар на кој двајцата тренери имаа можност да испробаат најразлични тактички варијанти, Тинекс Пролет во голем дел од мечот имаше водство, но Голден Арт КЛ7 со подобра игра во завршницата успеа да се врати и да стигне до реми.
Двата тима почнаа со израмнета игра од почетокот на натпреварот, па на одмор се замина со резултат 16-16. Тинекс Пролет беше подобар ривал во поголем дел од второто полувреме, во неколку ситуации имаше предност од два до три гола, но КЛ7 секогаш успеваше да се врати. Тоа беше случај и во последната минута од мечот, во која Тинекс Пролет влезе со водство од 33-31, но противникот со два гола во самиот финиш стигна до реми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

