Кире Лазаров и Нант стигнаа до убедлива победа против Алборг од 38-29 во натпревар од ракометната Лига на шампиони. Французите уште од самиот старт наметнаа игра која што им одговараше, а по 30 минути имаа предност од 18-14.
Во второто полувреме продолжија само да ја зголемуваат предноста за конечни 38-29. Нашиот Кирил Лазаров немаше најдобра вечер постигнувајќи еден гол од три удари, но и немаше некоја поголема причина да се троши, поради убедливата игра на неговиот тим во кој најефикасен беше Валеро Ривера со седум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА