Севилја со предност од 2-0 ќе патува во Барселона на реваншот од полуфиналето во Копа дел Реј. Андалузискиот тим во првиот дуел со голвите на Жил Кунде и Иван Ракитиќ славеше против Барселона со 2-0 во еден тврд натпревар без многу шанси на двете страни.
Утре во второто полуфинале Леванте на нашиот Енис Барди ќе му гостува на Атлетик Билбао.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

