Елиминирана бранителката на титулата на Австралија опен, и Хрватката Векиќ приреди изненадување

Бранителката на титулата на Австралија опен, Американката Софија Кенин го заврши својот настап на годинашниот турнир уште во 2. коло.

Кенин изненадувачки убедливо загуби од Естонката Каја Канепи со 3-6, 2-6. Убедливиот резултат е изненадување, но можеби не и поразот ако се знае дека Канепи игра одлично од почетокот на сезоната.

Хрватката Дона Векиќ исто така приреди изненадување, елиминирајќи ја фаворизираната Аргентинка Подорошка со 6-2, 6-2. Понатаму продолжува и најдобрата светска тенисерка Австралијката Ешли Барти која во два сета ја совлада Дарија Гаврилова.

Се вчитува...