Триумфот на Чикаго против Њу Орлеанс од 129-116 ја одбележа ноќта во НБА лигата. Најголемата ѕвезда на Чикаго, Зак Лавајн брилјираше со 46 поени и извонреден шут за три поени.
Лавајн погоди девет од 14 шутирани тројки, а неговиот соиграч Коби Вајт погоди уште осум тројки, па се запишаа во НБА-историјата како први соиграчи кои постигнале по осум или повеќе тројки на едно место. Вајт на крајот заврши со 30 постигнати поени.
Далас триумфираше против Атланта со 118-117, благодарение на „трипл-дабл“ ефектот на Лука Дончиќ кој постигна 28 поени, дополнети со 10 скока и 10 асистенции. Брансон дополни со 21 поен за Далас, а кај Атланта одличен беше Колинс со 33 поени.
По три врзани порази конечни победи и Бруклун. Повторно без Дурант, Далас славеше против Индијана со 104-94. Кајри Ирвинг со 35 поени беше прво име кај Бруклин, а Харден дополни со 19 поени и 11 скока. Кај Индијана најдобар беше Сабонис со 18 поени и девет скока.
Денвер го демолираше Кливленд со 133-95. Скромна вечер за Никола Јокиќ со 12 поени, и со 12 асистенции и шест скока. Милсап постигна 22 поени, Портер постигна 19, а скромниот Кливленд го предводеше Ален со 18 поени.
Јанис Адедукмбо одигра монструозна партија со 47 поени и 11 скока, но Милвоки загуби на гостувањето од Феникс со 125-124. ЛА Лејкерс по продолжение славеа против лошиот Оклахома. Леброн Џејмс на неколку секунди пред крајот на регуларниот дел постигна тројка за израмнување и ги одведе лејкерси во продолжение и потоа до победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

