Маријана Велјовиќ е веќе долго време главен судија на престижните тениски турнири, а нејзината смиреност во напнати ситуации е неверојатна, многу пати покажа дека може да се носи со притисокот, дури и кога целиот стадион е на страна на тенисерите од рангот на Ник Кирјос или Роџер Федерер.
Работата на тениски судија не е воопшто лесна, потребно е да се задржи смиреноста и концентрацијата во текот на целиот натпревар и да се биде „невидлив“, но понекогаш тоа е невозможно ако на теренот има играчи кои уживаат во вниманието и кои се „хранат“ со непотребни полемики. Тоа го почувствува и Маријана Велjовиќ на нејзина кожа, по кој знае кој пат, таа во изминатиот ден се најде во слична ситуација, а предизвика од контроверзниот Ник Кирјос, за време на третиот ден на Австралија опен.
“Неговото гласно пцуење е кршење на правилата на однесување на тенискиот терен, што може да резултира со одземање на играта. Тоа би го чинело одземање на сервис, што би го ставил Кирјос во загуба од 0-2 во одлучувачкиот сет”, пишува австралискиот „Фокс Спортс“.
Маријана Велjовиќ знае како да ги „спушти“ тенисерите кои се однесуваат непрофесионално, па полемиката со Роџер Федерер се памети најдолго, кога беше казнет заради неговиот долг јазик.
Тоа беше минатата година на Австралија опен, кога Роџер Федерер покажа не толку џентлменски манири на дуелот со Тенис Сандгрен. Таа мораше да го предупреди Швајцарецот кој се налути и влезе во кавга со главниот судија.
Маријана Веjовиќ е родена на 24 јануари 1987 година во Крагуевац, а од 2009 година е главен судија во „белиот спорт“. Вниманието Маријана го привлече со својот атрактивен изглед, па голем број американски медиуми ја споредуваа со пејачката Џенифер Лопез, додека во еден момент поранешниот тенисер Борис Бекер испрати несоодветен комплимент за кој претрпе критики.
“Морам да кажам дека Маријана е исклучително убава. Ја јадете со очи”, рече Бекер, а после тоа во медиумите беше наречен “сексистичка свиња”.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

